Аталанта го совлада Јувентус во Бергамо со 1-0 и го прескокна на табелата во трката за пласман во Лигата на шампионите. Сега тимот на Џанпјеро Гасперини е на третата позиција, Јувентус остана четврти, но и Наполи би можел бодовно да се израмни со „старата дама“ доколку вечерва го победи Интер.
Руслан Малиновски во 87.минута успеа да го постигне победничкиот гол за Аталанта која по цели две децении конечно го совлада Јувентус во Серија А.
Лацио и Беневенто одиграа голеада, а славеа римјаните со 5-3. Чиро Имобиле беше двоен стрелец, а интересно и Беневенто си постигна два автогола.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













