
Астон Вила успеа да освои бод на „Стемфорд бриџ“ ремизирајќи (1-1) против Челси. Тимот на Франк Лампард има само една победа на последните пет меча во Премиер – лигата и полека, но сигурно тоа создава притисок за неговото работно место. Оливие Жиру го доведе Челси во водство со голот во 34.минута, но Астон Вила израмни на почетокот на вториот дел. Стрелец на голот беше Анвар Ел Гази во 50.минута од дуелот.
Натпреварот меѓу Евертон и Манчестер Сити, кој беше закажан за вечерва на „Гудисон парк“, е одложен. Причина е пандемијата на коронавирусот која навлезе сериозно во редовите на „граѓаните“. По првичните симптоми кои се појавија кај Габриел Хесус и Кајл Вокер, сега информациите велат дека уште тројца фудбалери, а вкупно петмина членови на клубот се во изолација поради позитивен тест на Ковид – 19.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
