Реал Мадрид има план да го ангажира напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пренесува „АС“. Шпанскиот клуб му постави краен рок на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, да одлучи за евентуална преселба во мадридскиот клуб – до 15 јануари. Доколку Французинот дотогаш не потпише договор, Реал ќе се насочи кон опцијата да го доведе Халанд следното лето.
Отштетната клаузула во договорот на Норвежанецот е 200 милиони евра, но тоа важи само за клубовите од Премиер – лигата. За тим надвор од Англија оваа сума ќе биде околу 100 милиони евра. Реал Мадрид е подготвен да ги плати овие пари.
Францускиот медиум „Footmercato“ објави дека Килијан Мбапе се договорил за трансфер во Реал Мадрид. Сепак, засега највлијателните шпански медиуми „АС“ и „Марка“ не ја потврдуваат оваа информација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













