Connect with us

Артета: Сите честитки се за фудбалерите, одиграа неверојатен меч

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, зборуваше за победата на „топчиите“ од 6-0 против тимот на Ленс во петтото коло од Лигата на шампионите. Триумфот го гарантира местото на лондончани во нокаут фазата на „турнирот на богатите“.


„Јас сум многу среќен. Имавме шанса да се пласираме во нокаут фазата и да ја освоиме групата, и тоа го направивме величествено, пред нашите фанови. Играчите заслужуваат честитки. Тоа е големо достигнување бидејќи игравме против многу добар тим. Ја завршивме работата што беше побарана од нас. Сега тимот мора да продолжи да се развива и да игра добро во континуитет“, изјави Артета по убедливиот триумф над Ленс.

Арсенал со 12 бода по пет натпревари е неприкосновено првопласиран во групата, пред ПСВ со 8 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови