Connect with us

Артета сака да го доведе Рубен Невеш во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, ја притиска управата на клубот да го ангажира играчот од средниот ред на Ал-Хилал, Рубен Невеш, пренесува „Спорт“. Според изворот, лондончани се очекува да го засилат средниот ред од тимот во јануарскиот преоден рок по повредата на Томас Парти, кој ќе биде надвор од терените барем до почетокот на следната година по операцијата.


За услугите на Невеш наводно е заинтересиран и Њукасл.

Невеш му се приклучи на Ал-Хилал од Вулверхемптон овој јули и потпиша договор до летото 2026 година.

Оваа сезона Невеш одигра 17 натпревари, постигна два гола и една асистенција.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови