
Микел Артета не ја криеше својата еуфорија по големата победа на Арсенал со 1-2 над Реал Мадрид во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Лондонскиот клуб го елиминираше апсолутниот господар на ова натпреварување и се пласираше во полуфиналето – нешто што се случува само по третпат во историјата на клубот.
„Ова е дефинитивно една од најголемите вечери во мојата кариера. Се соочивме со тим со најголема историја во Лигата на шампионите – клуб што е инспирација за сите. А победата, и тоа на начинот на кој дојдовме до неа, е нешто на што треба да сме неизмерно горди“, изјави Артета.
Шпанецот откри дека и покрај добриот старт, имале чувство дека на „Бернабеу“ сè е можно.
„По првите 2-3 минути сфативме колку е тешко да се игра тука. Но, среќата и нашата игра беа на наша страна. Сè што требаше – го направивме. Ова искуство ќе биде од огромно значење за нас. Историјата ни е кратка во ова натпреварување, но сакаме да градиме понатаму. Верувавме дека можеме да ги победиме – и успеавме.“
На прашањето за следниот противник, Пари Сен Жермен, Артета одговори воздржано:
„Го гледав натпреварот со Барселона – беше вистинско лудило. Луис Енрике го познавам добро, но ајде прво да ја прославиме оваа победа. ПСЖ е многу сериозен противник во фантастична форма.“
На крајот, тој го издвои и човекот на натпреварот – Деклан Рајс.
„Беше неверојатен. Тој буквално го смени текот на мечот. Имаше огромно влијание и направи вистинска разлика“, заклучи Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Реал без Камавинга на стартот од сезоната
