
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, истакна дека не е задоволен од ремито (2-2) на дербито со Ливерпул, во деветтото коло на Премиер 0 лигата. Со овие загубени два бода, „топчиите“ не успеаја да се приближат на само три бода до првопласираниот Манчестер Сити, а моментно заостануваат пет бода зад шампионите.
Артета сепак е горд од настапот на својот тим и смета дека требаше да победат.
„Играа сме смело и ефективно, особено во првото полувреме, кога доминиравме. Мислам дека заслужувавме да победиме, бидејќи игравме подобро. Двата примени голови ни се лекција. Знаевме што треба да правиме и бевме одлучни и агресивни, со и без топка. Имаше уште неколку шанси кои требаше да ги искористиме”, изјави Артета.
Ова е втор важен меч кој Арсенал не успеа да го добие. Пред малку повеќе од еден месец, на 22-ри септември, тие одиграа исто така 2-2 против Манчестер Сити на „Етихад“. Овие загубени четири бода би можеле да бидат од клучно значење на крајот на сезоната во борбата за титулата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Гостивар го напушти теренот откако прими два гола и мечот не се доигра, но...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Хулен Лопетеги е нов селектор на Катар
