Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја коментираше убедливата победа од 5-0 над Кристал Палас во Премиер – лигата. Тој призна дека неговата екипа имаше потреба од ваков натпревар за да им ја врати самодовербата и беше категоричен дека никој во клубот не се откажал од нивните високи цели.
„Во последните 10 дена имав добро чувство за работата на тимот и реакција по поразите што ги претрпевме. Имаме не само одлични играчи, туку и одличен тим. Чувствував колку сакаат да победат денеска и мило ми е што го направија тоа. Чиста мрежа и пет гола – токму тоа ни требаше“, изјави Артета.
„Начинот на кој почнавме многу помогна бидејќи по постигнатиот гол противниците се принудени да делуваат поагресивно и да остават повеќе отворени простори. И ние добро го искористивме тоа.
Работиме на секоја компонента и сакаме да доминираме во секоја фаза од играта. Сакаме да бидеме најдобриот тим на светот, а за тоа мораме да бидеме најдобри во сѐ. Сè уште можеме да се подобриме, па ќе продолжиме да работиме на сѐ што може да не направи посилни“, истакна менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













