Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговиот тим не заслужил да загуби од Астон Вила во Премиер – лигата.
„Игравме навистина добро, мислев дека сме подобри и не заслуживме да го загубиме натпреварот, но тоа е фудбалот“, изјави Артета за „Скај“.
Фудбалерите на Арсенал загубија синоќа во Бирмингем од Астон Вила со 1-0 и пропуштија можност да го заземат првото место на табелата.
Каи Хаверц постигна гол во 90. минута, но по употребата на ВАР технологијата голот беше поништен поради офсајд.
Артета на прес-конференцијата по натпреварот беше прашан и за поништениот гол и евентуалната казна.
„Јасно и очигледно“, прокоментира тој.
Од него беше побарано да го објасни одговорот, дали смета дека одлуките се погрешни или ситуациите не се очигледни за да се промени одлуката на судијата.
„Тоа е она што јас го мислам, јасно и очигледно. Тоа е мое мислење, тоа е сè што ќе кажам“, додаде тој.
„Навистина сум горд на начинот на кој одигравме на овој стадион против овој тим. Заслуживме да победиме, но мора да бидете подобри во шеснаесетникот, а и работите мора да одат по ваш начин“, заврши Артета.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski