Connect with us

Арсенал сака да го доведе Џејмс Медисон на „Емирати“

Англискиот премиерлигаш Арсенал е силно заинтересиран да го ангажира играчот за врска на Лестер, Џејмс Медисон, до крајот на летниот преоден рок. Фудбалерот е отворен за идејата да се приклучи на „топчиите“, и покрај тоа што Лестер заврши пред ривалот во последните две сезони во Премиер – лигата.


Клубот од северен Лондон ги разгледува алтернативните начини за структуирање на договорот, да плати 30 милиони фунти и да испрати најмалку двајца фудбалери на „Кинг Пауер“.


Лестер не е под притисок да мора да продава ова лет, а тоа го потврди и менаџерот Брендан Роџерс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови