Англискиот премиерлигаш Арсенал размислува со изненадувачки трансфер да го засили нападот. „Топчиите“ се еден од тимовите кои имаат интерес за Диего Коста.
33-годишниот бразилски напаѓач со шпански пасош неодамна го раскина договорот со Атлетико Минеиро и моментно е слободен агент.
Од „Емирати“ се уште не стапиле во контакт со Бразилецот, но Микел Артета сериозно размислува за такво нешто. Менаџерот е во затегнати односи со Пјер-Емерик Обамејанг, кој е пред раскинување на договорот со клубот, а моментно е недостапен поради учеството на Африканскиот куп на нации. Во меѓувреме, лондончани набрзо се разделија со Флоринг Балогун, кој беше испратен на позајмица во Мидлсборо.
Во исто време, Диего Коста сигнализираше дека сака да се врати во Европа. Тој има искуство на терените во Англија, го водеше нападот на тимот на Челси во периодот од 2014 до 2017 година.
Покрај Арсенал, за него се заинтересирани и шпанските прволигаши Кадиз и Елче, кои веќе почнаа преговори за негов ангажман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ливерпул и Сити во трка за ѕвездата на Борнмут













