Арсенал има очајна сезона, се наоѓа на 15. позиција на табелата во Премиер – лигата и нема победа на последните четири меча. Микел Артета и натаму тера по свое и не му дозволува на Месут Озил да биде во тимот, но сега доби наредба од клупското раководство. Германскиот интернационалец мора да биде вратен во составот за наредните натпревари. Арсенал не сака да оди против себе, со оглед дека и позицијата на Микел Артета веќе не е така сигурна.
Артета пред неколку седмици изјави дека и премногу кредити добил Озил пред да донесе таква одлука за негово отстранување од составот. Озил заработува неверојатни 350.000 фунти неделно, а седи на трибините и воопшто не настапува.
„Топчиите“ вечерва го пречекуваат Барнли на „Емирати“, а Месут Озил повторно не е во тимот на Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













