
Саудискиот клуб Ал-Етихад планира во јануари да испрати нова понуда за Леандро Тросар, но овојпат ќе биде во форма на трансфер, наместо позајмица, што најверојатно ќе биде прифатено од раководството на Арсенал.
Според медиумите на Островот, Арсенал веќе има подготвена замена за Тросар во Мохамед Кудус, играчот на Вест Хем, кој пристигна во клубот од Ајакс за 50 милиони евра. Интернационалецот од Гана досега има постигнато 16 голови во 55 натпревари за Вест Хем, привлекувајќи внимание со својата игра.
Меѓутоа, Арсенал нема да има лесна задача да го ангажира Кудус, бидејќи и Ливерпул исто така е заинтересиран за него. Кудус може да игра како офанзивен играч за врска или како крилен нашаѓач, што е голема предност за секој тренер.
Договорот на Мохамед Кудус со Вест Хем трае до 2028 година, што го прави важен играч за клубот, а и цената за неговиот трансфер нема да биде мала. Вест Хем ќе бара околу 100 милиони евра за него, а освен Арсенал и Ливерпул, се очекува и Манчестер Сити да се вклучи во трката за неговиот потпис.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рафиња останува во Барселона до 2028 година

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)
