Арсенал не очекуваше да прeзема големи зафати на трансфер пазарот во јануари, но ситуацијата се промени со суспензијата на капитенот Пјер Емерик Обамејанг.
Менаџерот Микел Артета одлучи да го суспендира напаѓачот од Габон поради недисциплина, а одземена му е и капитенската лента.
На Обамејанг му преостануваат уште 18 месеци во Северен Лондон, а во јавните изјави на Артета имаше некои најави дека би можел да му дозволи на 32-годишниот напаач да замине и порано.
Сепак, заминувањето на Обамејанг е компликувано поради неговата огромна плата од 350.000 фунти неделно.
Ретко кој клуб во Англија би можел да си го дозволи тоа. Артета се обидува да го изгради и стабилизира тимот, но загубата на капитенот и неговата ситуација, како и се поочигледното заминување од „Емирати“ дополнително ја компликуваат ситуацијата за шпанскиот стратег.
Договорот на Обамејанг истекува на лето 2023 година, но доколку не игра во следниот период, сигурно ќе падне и неговата цена.
Дополнително, Арсенал треба да се вклучи на пазарот за да пронајде соодветна замена за Пјер Емерик Обамејанг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













