На Арсенал му е потребен напаѓач повеќе од било кога, ако се знае дека за шест месеци остана без Пјер-Емерик Обамејанг, а сега и без Александре Лаказет, кои половина деценија беа смртоносен тандем на „Емирати“. Според шпанските медиуми, прва цел на „топчиите“ е Алваро Мората.
Мората порано играше за Челси, а сега би можел повторно во Лондон, но на „Емирати“.
Шпанскиот напаѓач ја завршува позајмицата во Јувентус од Атлетико Мадрид, а бидејќи кај Чоло Симеоне не е во преден план, постојат огромни шанси 29-годишниот фудбалер почне нова авантура ова лето.
Јувентус има опција да го купи за 35 милиони евра и ќе важи до 30 јуни, но веќе одлучи да не го откупува неговиот договор. Тој треба да се врати во Атлетико Мадрид, а потоа и веднаш би можел на нова позајмица или преку комплетен трансфер, во Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













