Словенечкиот репрезентативец Бењамин Шешко (21) е на чекор до трансфер во Англија, откако постигнал „џентлеменски договор“ со Лајпциг. Талентираниот напаѓач, кој важи за најдобриот словенечки фудбалер, дефинитивно ќе го промени клубот ова лето. Извесно е дека ќе ја напушти Германија, а сè поголеми се шансите неговата следна дестинација да биде Премиер – лигата.
Во оваа сезона, Шешко одигра 34 натпревари во сите натпреварувања, постигна 17 голови и забележа пет асистенции, со што уште еднаш ја потврди својата класа. Сега е целосно подготвен за најголемиот трансфер во неговата кариера.
Иако има договор со Лајпциг до јуни 2029 година, ова лето ќе може да ја активира својата ослободителна клаузула од 80 милиони евра. Германскиот клуб одлучил да му излезе во пресрет и да го пушти за таа сума, иако можеше да бара многу повеќе.
Повеќе клубови од Англија се заинтересирани за него, но најсериозен кандидат за неговиот потпис е Арсенал. Лондонскиот клуб е подготвен да ја плати клаузулата и дополнителни бонуси за да го донесе на „Емирати“.
Шешко ја започна својата професионална кариера во Домжале, а во 2019 година премина во Салцбург за 2,5 милиони евра. По четири сезони во Австрија, во 2023 година се приклучи на Лајпциг за 24 милиони евра.
Со 18 години дебитираше за сениорската репрезентација на Словенија, а досега има 39 настапи, 16 голови и шест асистенции.
Арсенал се обидуваше да донесе напаѓач уште во јануарскиот преоден рок, но не успеа да го убеди Оли Воткинс да ја напушти Астон Вила. Сега, Шешко е можност која „топчиите“ не сакаат да ја пропуштат и ќе направат сè за да го потпишат ова лето.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Паладино е нов тренер на Аталанта
Евро-фудбал
Рома најмалку еден месец без Артем Довбик
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













