
Англискиот вицешампион Арсенал е сериозно заинтересиран за голгетерот на Вулверхемптон, Матеус Куња. Бразилецот игра одлична сезона и веќе има десет гола во Премиер – лигата, а вчера постигна гол директно од корнер при победата од 2-0 над Манчестер Јунајтед.
„Топчиите“ го следат Куња подолг период, но менаџерот Микел Артета уште повеќе го посакува во тимот поради повредите на Букајо Сака и Рахим Стерлинг, кои значително ги намалија опциите во нападот.
Куња пристигна на „Молину“ на почетокот на 2023 година и брзо стана клучна фигура за тимот. Минатата сезона постигна 12 гола во Премиер – лигата, а оваа сезона е уште поефикасен.
Од Вулверхемптон се подготвени да му понудат нов договор со значително подобри финансиски услови, бидејќи актуелниот му истекува во летото 2027 година. Сепак, „волците“ не се подготвени да се разделат со Бразилецот дури и за многу поволна понуда, бидејќи тој е клучен за нивните надежи за опстанок во Премиер – лигата. Сепак, сега ќе мора да паузира поради суспензија од пет натпревари, откако влезе во инцидент со редар.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Ливерпул е фаворит за потписот на Милош Керкез

Евро-фудбал
Тотенхем го сака Нико Ковач за нов тренер

Евро-фудбал
Ница прва го победи ПСЖ во Франција оваа сезона
