Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, вели дека неговиот тим ќе мора да одигра многу подобро на денешниот реванш против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите. „Црвените“ победија со 0-1 на „Паркот на принцовите“, но беа надиграни во поголемиот дел од натпреварот, при што голманот Алисон Бекер имаше фантастична партија.
Слот ја нагласи силата на ПСЖ.
„Не бев изненаден од нивниот настап, ги следев многу и бев импресиониран од нивната интензивност. Тие се толку комплетен тим. Некои рекоа дека ние игравме слабо минатата среда, но реалноста е дека ПСЖ одигра извонредно. Верувам дека можеме да бидеме подобри од тоа што го покажавме. Сега сме подобар тим од минатата недела и треба да го демонстрираме тоа“, изјави Арне Слот.
Тој истакна дека ПСЖ е најсилниот тим против кој Ливерпул играл оваа сезона.
„Се соочивме со Арсенал, Реал Мадрид, Манчестер Сити, но квалитетот што го има ПСЖ е неверојатен. Имаат одличен тренер кој им дозволува да играат на начин што е многу тешко да се спротивставите. Работната етика им е неверојатна, затоа мора да бидеме на највисоко ниво. Ова е елиминациска фаза во Лигата на шампионите, дуел на два од најдобрите тимови во Европа – со нетрпение го очекуваме натпреварот“, посочи менаџерот на Ливерпул.
Слот исто така потенцираше дека Ливерпул ќе игра за победа.
„Секогаш се обидуваме да победиме, тоа беше нашата намера и минатата недела. Не се согласувам со оние кои велат дека бевме слаби, бидејќи тоа го потценува одличниот настап на ПСЖ. Сега сакаме различен натпревар, но со истата намера – да ја контролираме топката колку што е можно повеќе и да одиме на победа“, заврши Арне Слот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи
Евро-фудбал
Челси ја сака младата ѕвезда на Реал Мадрид
Прва лига
Ален Тупајиќ е нов тренер на Работнички
Евро-фудбал
Гнабри на лето заминува од Баерн?
Евро-фудбал
Казахстан освои бод со Белгија (ВИДЕО)













