Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е избран за седми најдобар фудбалер во последните 50 години во историјата на хрватскиот фудбал. Во изборот на „Вечерњи лист“, капитенот на Динамо Загреб се најде меѓу великани на хрватскиот фудбал.
Адеми, кој е апсолутен рекордер во неколку категории во Динамо Загреб, зад себе во овој избор ги остави Иван Гудељ, Велимир Зајец и Ален Бокшиќ.
За најдобар фудбалер во Хрватска во последните 50 години е избран Лука Модриќ, на второто место е Давор Шукер, а на третатата позиција се најде Роберт Просинечки. Потоа следуваат Звонимир Бобан, Марио Манџукиќ и Иван Ракитиќ, а после нив – Аријан Адеми.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













