Младата репрезентација на Македонија предводена од селекторот Благоја Милевски пред два дена ги започна подготовките за претстојниот контролен дуел со селекцијата на Словенија. Натпреварот ќе биде одигран на 3 јуни во словенечки Терме Чатеж.
Еден од клучните играчи на Македонија до 21, Филип Антовски вели дека во самата репрезентација владее одлична атмосфера и се надева на победа во Терме Чатеж.
„Не очекува тежок натпревар против силен противник. Очекуваме да одиграме добар меч, идеме во Словенија по победа. Подготовките се во тек, во одлично расположение го очекувамет овој дуел. Атмосферата во екипата е на едно високо ниво, ги слушаме советите од нашиот селектор. Очекувам од мене и моите соиграчи да дадеме максимум на тренинзите и натпреварот со Словенија, и добро да се подготвиме за предизвиците што не очекуваат во иднина”, вели Филип Антовски.
Агон Елези, фудбалерот на Вараждин и член на младата репрезентација на Македонија очекува победа над Словенија.
„Веруваме во нашите квалитети, имаме одлична комуникација со нашиот селектор, подготовките течат во најдобар ред. Словенија е одлична репрезентација, но нашата цел е да одиграме добар натпревар и да оствариме победа. Ги слушаме советите на нашиот селектор, функционираме како една целина и се надевам дека тоа ќе го покажеме и на мечо со Словенија.”, вели Агон Елези.
Подготовките на нашата млада репрезентација ќе бидат поделини во два дела. Селективна фаза по која селекторот Милевски ќе одлучи кои 24 фудбалери ќе бидат дел од главната подготвителна фаза и натпреаврот со Словенија на гостински терен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













