Антонио Конте ќе добие отпремнина од 4 милиони фунти откако беше отпуштен од Тотенхем пред да му истече договорот на крајот на сезоната, пренесуваат медиумите на Островот.
Двете страни решија да се разделат по променливите резултати на Тотенхем во последно време и особено по изјавите на Италијанецот по последното реми (3-3) против Саутемптон, кога ги обвини играчите за недостаток на желба за победа, но не штедеше критики и за раководството на клубот, особено за претседателот Даниел Леви.
Тотенхем моментно е четвртопласиран на табелата со 49 бода, но Њукасл е на петтото место со само два бода помалку, но и со два одиграни натпревари помалку. Клубот до крајот на кампањата ќе го водат помошниците на Конте, Кристијан Стелини и Рајан Мејсон. Интересно е и тоа што Конте само по отказите од Челси, Интер и Тотенхем доби отштета од 37 милиони фунти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













