
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година се подготвува за следниот предизвик, гостувањето во Израел. Левиот бек Филип Антевски во името на целиот тим ветува максилна борбеност и се надева на успех.
„Се надевам дека ќе ги поправиме грешките кои ги направивме во Скопје. Треба да влеземе многу позрело во овој натпревар. Ги анализиравме Израелците и сигурно ќе дадеме 150% од нашите можности. Би биле задоволни да ги освоиме шесте бода, да запишеме две победи на крајот. Тоа ќе ни донесе 20 бода, што значи дека пласманот на ЕП зависи само од нас“, изјави Антевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal