Шефовите на Барселона останале шокирани од одлуката на Ансу Фати да остане во клубот и оваа пролет. Крилото очигледно не е во плановите на тренерот Ханси Флик и клубот направи сѐ што беше во нивна моќ да му најде нов тим.
Фати имаше неколку опции, но сепак реши да остане во Барса.
Од почетокот на сезоната, Фати одигра осум натпревари, со вкупно 186 минути на теренот. Понекогаш дури не се наоѓа ниту на списокот за некои натпревари. Затоа, одлуката да не ја прифати можноста за трансфер е неочекувана.
Фати е производ на „Ла Масија” и на почетокот од кариерата се сметаше за еден од најголемите таленти за иднината. Меѓутоа, сериозна повреда го сопре неговото напредување, а 22-годишниот фудбалер не успеа да се врати во својата поранешна форма.
Ансу Фати има договор со Барселона до 2027 година. Минатата сезона играше на позајмица во Брајтон, но и таму не успеа да остави силен впечаток и беше вратен во каталонскиот клуб. Сега, клубот ќе чека до летото, кога ќе се обиде повторно да го продаде.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













