
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Анхел Кореа, доби суспензија од пет натпревари, објави Дисциплинската комисија на Кралската шпанска фудбалска федерација.
Причина за санкцијата се навредливите зборови што Аргентинецот му ги упати на главниот судија Гиљермо Куадра Фернандес при поразот на неговиот тим од Хетафе со 1-2 во претходното коло на Ла Лига.
Во 88. минута Кореа доби директен црвен картон поради груб прекршок. Додека го напушташе теренот, тој го навреди судијата што е заведено и во официјалниот извештај.
Подоцна, играчот се извини за своето однесување преку објава на социјалните мрежи.
Заради навредите наведени во извештајот, Кореа е суспендиран на четири натпревари – што е најблагата казна за вакво прекршување (максималната е 12 натпревари). На ова се додава уште еден меч суспензија поради добиениот црвен картон. 30-годишниот фудбалер ќе ги пропушти првенствените дуели со Барселона, Еспањол, Севилја и Ваљадолид, како и реваншот против Барселона во полуфиналето од Купот на Кралот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
