Англискиот репрезентативец Џејдон Санчо ќе ги пропушти натпреварите против Андора и Полска во квалификациите за СП, откако заработи мала повреда на тренинг. Санчо треба да биде подготвен за натпреварот на Манчестер Јунајтед следната недела во Премиер – лигата против Њукасл.
Англискиот репрезентативец летово премина од Борусија Дортмунд во Јунајтед за 100 милиони евра.
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, не може да смета и на Доминик Калверт-Луин од здравствени причини, но нема да повика замени за следните натпревари.
Англија добро ги започна квалификациите и забележа четири победи од четири натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













