МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, верува дека нашиот национален тим може да оствари позитивен резултат на утрешниот меч против Романија, прв од квалификацискиот циклус за СП 2022 во Катар.
„Има емоции, се наоѓаме овде во Букурешт, кој ќе биде наш дом на Европското првенство, во пријателска земја, но утре ќе бидеме противници. Ја респектираме селекцијата на Романија, поседува несомнен квалитет, но и ние веруваме дека можеме да прикажеме добра игра и да оствариме позитивен резултат“, изјави Игор Ангеловски.
Тој му посака добро здравје на колегата Мирел Радои, селекторот на Романија, и истакна дека би сакал утре со два негативни теста да се појави крај него, на спротивната страна, за да ја предводи својата репрезентација.
„Би сакал да му посакам добро здравје на колегата Мирел Радои и да има негативни тестови на Ковид-19 за да може утре да ја води својата репрезентација од клупата“, истакна селекторот.
На крајот, на прашање од романските медиуми, да избере еден фудбалер кој би го вметнал во репрезентацијата на Македонија на ЕП – како од пушка Ангеловски одговори…Георге Хаџи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













