
Пишува: Никола Ѓуровски
Гостувањето во Талин и ремито (3-3) со Естонија покажаа низа слабости, па селекторот Игор Ангеловски ќе се враќа на „старо“. Ќе се обиде да „скрпи“ конкурентен состав за вечерашниот меч против Грузија, ривалот со кој Македонија вкрстува за првото место во групата од Лига Ц, но за еден месец ќе „војува“ и за настап на Европско првенство. И не дека овој вечерашниот меч е неважен – напротив.
Селекторот Игор Ангеловски повторно ќе (на)прави многу измени во ростерот, дел од нив се секако и принудни поради големиот број повредени и казнети фудбалери. Ги нема Аријан Адеми, Енис Барди, Стефан Спировски, Висар Муслиу, Ферхан Хасани, и изборот е секако намален. Но, повикани се четворица нови фудбалери од домашното првенство и планот е двајца да бидат „фрлени в оган“.
Енур Тотре и Љупчо Дориев треба да бидат стартери на вечерашната пресметка со Грузија.
На голот ќе се врати Столе Димитриевски откако помина „голгота“ со тестот за коронавирус во Талин и доби „забрана“ да настапи, а на крајот се покажа дека е негативен. Во стоперското трио ќе се врати Дарко Велковски и ќе игра заедно со Стефан Ристовски и со Кире Ристевски.
Во средниот ред ќе играат Бобан Николов, Тихомир Костадинов на десната страна, Езгјан Алиоски лево, а Енур Тотре пред нив, како креатор на играта. Веднаш до него, на левата страна и Љупчо Дориев, со малку поофанзивни задачи, но да се надополнува со Горан Пандев и со Илија Несторовски.
Натпреварот меѓу Македонија и Грузија е закажан за 20.45 часот на арената „Тодор Проески“, а ќе го суди полскиот делител на правдата Бартош Франковски.
По три одиграни натпревари во групата 2 од Лигата Ц, Македонија и Грузија имаат по пет бода, нашиот национален тим поради подобра гол – разлика (6-5) се наоѓа на првата позиција и сака да ја одбрани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У18 ремизираше (2-2) против Унгарија

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Евро-фудбал
Нико Ковач: Веќе ја видов силата на Јувентус
