МАКФУДБАЛ во Букурешт,
Никола Ѓуровски
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа пораз (3-2) од Романија на стартот од квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во еден чуден натпревар, во кој нашиот национален тим имаше многу нереализирани шанси, успеа од два гола негатива да се врати до 2-2, но потоа пресуди голот на Јанис Хаџи во 86.минута.
„Можеме да жалиме барем за еден бод од овој натпревар. Не паметам кога Македонија создала толку многу изгледни шанси против една силна селекција како Романија, но потфрливме во реализацијата. Тоа е клучно за нашиот пораз. Успеавме да се вратиме на 2-2, но во финишот една топка која среќно дојде до Хаџи, иако Адеми беше добро поставен, заврши во нашата мрежа. Честитки за триумфот на Романците, ние жалиме за поразот, но мора да ја кренеме главата горе и да гледаме кон следните мечеви што ни претстојат“, изјави селекторот Игор Ангеловски.
В недела Македонија на арената „Тодор Проески“ ја пречекува селекцијата на Лихтенштајн.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













