Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, денеска на прес-конференција го соопшти списокот на фудбалери на чии услуги ќе смета на стартот од квалификацискиот циклус за ЕВРО 2020. Македонија овие квалифиакции ги стартува со домашен натпревар против Летонија во Скопје на 21 март, а три дена подоцна „црвено-жолтите“ гостуваат во Љубљана на селекцијата на Словенија.
Согласно претходните најави, на списокот на селекторот се наоѓаат и Стефан Спировски и Иван Тричковски, иако повредите на двајцата репрезентативци не се нималку наивни и прашање е дали тие воопшто ќе можат да помогнат на овие два натпревари.
Добра вест е враќањето на Дарко Велковски, откако дефанзивецот конечно ги надмина проблемите со повредата што го мачеа од стартот на сезонава, а за првпат за официјален квалификациски натпревар ќе конкурира и младиот напаѓач на германски Келн, Дарко Чурлинов.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













