Последнопласираниот тим на табелата во Првата лига, Беласица, доведе руски стратег на местото на Ѓоре Јовановски. Нов шеф на стручниот штаб е Андреј Чернишов, поранешен истакнат репрезентативец на екс – СССР и на Русија, кој во последните неколку години работи во Србија и во Грција.
Чернишов во 2020 година бил на клупата на српскиот клуб Динамо Нови Сад, а претходно и во Спартак Суботица. Исто така бил и на клупата на грчкиот клуб Спарта.
Беласица има само 12 бода и се наоѓа на дното на табелата во Првата лига, а сега има делумни промени и во раководството на клубот. Сега конците ги влече Бојан Захариев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













