Connect with us

Андре Онана е голманската желба на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед многу брзо ќе испрати официјална понуда до Интер за Андре Онана, пренесува италијанските медиуми. Камерунскиот голман е цел број еден на „црвените ѓаволи“ откако стана јасно дека нема да се постигне договор за Давид Де Хеа и тој во петок ќе стане слободен играч.


Не е јасно колкава ќе биде првата понуда на тимот од „Олд Трафорд“, но медиумите во двете земји тврдат дека Интер ќе бара околу 50 милиони евра за Андре Онана, кој пред само една година на слободен трансфер пристигна на „Џузепе Меаца“.

Вчера се појави информација дека спортскиот директор на „нероаѕурите“, Пјеро Аусилио, пристигнал во Англија за да преговара со Манчестер Јунајтед за Андре Онана и со Челси за Ромелу Лукаку.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови