Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, верува дека Винисиус Жуниор би можел да биде разликата на „Ел Класико“ против Барселона. Двата тима вечерва ќе се соочат во уште едно дерби на „Камп Ноу“.
Винисиус има само два гола против Барселона во 12 натпревари, од кои и двата беа пред Каталонците да почнат да го користат Роналд Араухо како десен бек. Сепак, Анчелоти верува дека овојпат Винисиус ќе надвладее во меѓусебниот дуел.
„Против Барселона имаше повеќе проблеми отколку на другите натпревари, но Вини е Вини. Неговата брзина може да му помогне да го извади најдоброто од себе. Мобилноста на напаѓачките позиции може да биде многу важна.За дефанзивците тоа е проблем. Вини ќе игра лево и ќе има послободна улога“, сподели Анчелоти во пресрет на дуелот.
Барселона има девет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига и Реал Мадрид ќе мора да брка победа на „Камп Ноу“ доколку сака да остане во трка за титулата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













