Connect with us

Анчелоти: Винисиус не е во најдобра форма, но тоа во моментот ми е последната грижа

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, призна дека крилниот напаѓач Винисиус Жуниор не е во својата најдобра форма од почетокот на сезоната, но истакна дека воопшто не се грижи за тоа. Искусниот стратег исто така го изрази своето незадоволство што една од другите бразилски ѕвезди на тимот, Родриго, не доби номинација за „Златната топка“.

„Од утре започнува многу згуснат распоред. Сакамe да го започнеме добро. Успеавме да ги рехабилитираме неколку играчи. Секогаш започнуваме со возбуда и желба за натпреварување. Реал Сосиедад е тежок противник, но имаме добри чувства. Винисиус Жуниор не е во најдобрата форма, но останува многу важен за нас. Никаде не брзаме. Тимот успева да постигнува голови, така што тоа е мојата последна грижа. Винисиус секогаш работи добро и дава сè од себе. Многу сум задоволен од тоа што го прави. Не можам да очекувам дека сите ќе бидат на 100% секогаш. Џуд Белингам и Аурелиен Чуамени нема да играат утре, премногу е рано за нив. Ќе видиме дали ќе бидат подготвени за Лигата на шампионите во вторник“, истакна Анчелоти.

„Не е фер што Родриго не е номиниран за „Златната топка“. Тој го заслужуваше тоа и го разбирам неговото разочарување. Очигледно некој заборавил што направи во ЛШ, каде што постигна гол против Манчестер Сити и имаше важна улога за нас. Предност е што тој е „џокер“ за нас – може да игра на повеќе позиции и секогаш игра добро. Тоа е мотивација за него да се натпреварува со Винисиус или со Килијан Мбапе. За мене, тој е исто толку важен како и тие. Тој не ми кажал дека има проблем со нив. Според мене, Килијан Мбапе и Винисиус не се под влијание на критиките. Напротив, тренираат добро. Килијан Мбапе стана уште подобар. Многумина забораваат дека тие двајца почнаа да тренираат на 9 август. Не успеаја да направат претсезонска подготовка со нас. Сепак, тие веќе ја подобрија својата форма, добри се и среќни се во тимот“, заврши тренерот на Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови