Реал Мадрид го победи Челси со 2-0 во првиот натпревар од четврт-финалето на ЛШ Стрелци беа Карим Бензема во 22. минута и Марко Асенсио во 75. минута. Челси играше со десетмина фудбалери од 59. минута откако Бен Чилвел беше исклучен поради прекршок кога беше последен дефанзивец во одбраната.
Реал со оваа победа дојде на чекор до уште едно место во полуфиналето на Лигата на шампионите. „Краевите“ од самиот почеток беа доминантни, подобри и поопасни, а Челси со оглед на покажаното можеше да настрада уште повеќе.
„Сѐ уште ништо не е готово. Мораме да останеме смирени и да го направиме сето тоа повторно на „Стемфорд Бриџ“. Во Лондон нѐ очекуваат тешки 90 минути. Да заборавиме на овој резултат, мора да се бориме следната недела за полуфиналето. Задоволен сум, но можеме да бидеме уште подобри. Бевме малку уморни во вториот дел.
Сепак, би излажал ако кажам дека не сум задоволен. Одигравме комплетен натпревар. Беше тешко, понекогаш страдавме, но дадовме два гола. Знаеме дека повторно ќе страдаме во вторник. Челзи е одличен тим“, изјави тренерот на Реал Мадрид.
Тој откри и кој беше најдобар во неговиот тим.
„Винисиус одигра фантастично, но еден играч беше уште подобар. Според мене, Феде Валверде беше најдобриот играч на теренот. Милитао и Алаба беа многу добри. Постојано беа на Стерлинг и Жоао Феликс и одиграа врвна партија.
Го познавам добро фудбалот. Моите играчи разбираат дека има уште 90 минути. Ќе биде тешко и мора да бидеме подготвени. Имам одлични спомени од Френк Лампард. Фантастичен играч. Се надевам дека ќе биде и фантастичен менаџер за Челси. Но, не мора да се покаже толку многу во вторник“, се пошегува Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Боби Божиновски е нов тренер на Македонија ЃП
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил
Евро-фудбал
Бразил не успеа да го победи Тунис во Лил













