Мадридските ривали Реал и Атлетико ремизираа 1-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во големото дерби. Тренерот на Кралевите, Карло Анчелоти, вели дека е задоволен што неговиот тим сѐ уште е на врвот и тврди дека неговиот тим беше многу подобар, па може да жали и за победата.
„Среќни сме, затоа што и понатаму сме на лидерската позиција. Но, ако ме прашувате дали требаше Реал да победи, да, бевме многу подобри. Во второто полувреме бевме одлични и само Облак и среќата го спасија Атлетико. Но, спокојни сме и го чекаме натпреварoт со Манчестер сити во ЛШ“, изјави Карло Анчелоти.
Тој даде коментар и за ВАР одлуката да биде досуден пенал за Атлетико Мадрид.
„Ќе кажам само едно, дека светот на фудбалот веќе не може да ги разбере ВАР-системот и судиите“, истакна тренерот на Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













