Шпанскиот гигант Реал Мадрид тргнува по нови засилувања во јануари. На Карло Анчелоти му е потребен нов десен бек, поради повредата на Дани Карвахал, но тој би сакал да доведе и нов играч во средниот ред.
Анчелоти гледа кон „Стемфорд бриџ“ и би сакал да го доведе аргентинскиот репрезентативец Енцо Фернандез.
Откако во Челси пристигна новиот тренер Енцо Мареска, тој не му даде многу шанси на Енцо Фернандез, а на фудбалерот не му се допаѓа оваа ситуација.
Одличниот играч од средниот ред не ги започна последните два натпревари во Премиер – лигата против Ливерпул и против Њукасл, но играше во Карабао купот.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид, поточно Карло Анчелоти, има силна желба да го доведе Енцо Фернандез во својот тим и е подготвен да направи сè за да го оствари тоа.
Реал Мадрид е подготвен да понуди 95 милиони евра за Енцо Фернандез, а ако Челси не сака пари, тогаш Реал е подготвен да го понуди Аурелиен Чуамени во директна размена на играчи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













