Тренерот на европскиот првак Реал Мадрид, Карло Анчелоти, секако не е е задоволен од поразот (1-0) од Лил во Лигата на шампионите. Тој изјави дека неговиот тим не е навикнат на вакви резултати. Сепак, потенцираше и дека триумфот на Лил е сосема заслужен.
„Не сме навикнати на вакви резултати. Противникот ја заслужи победата. Тие беа подобри во дуелите, но и во други сегменти. Мора да го прифатиме ова. Треба да извлечеме поука од нашите грешки. Тие беа истите како и при нашиот последен пораз. Мора да учиме од овие неуспеси“, изјави Анчелоти.
Анчелоти вели дека „кралевите“ ќе мора да извлечат поуки од овој пораз.
„Треба да ја подобриме нашата игра, бидејќи нѐ чекаат уште многу натпревари. Расположението во тимот останува добро, но имаме на што да работиме. Треба да извлечеме поуки од овој пораз. Не е доволно само да зборуваме, треба и да делуваме. Ова не беше добар натпревар, но секогаш мора да продолжиш да се бориш“, истакна стратегот на Реал Мадрид.
„Направивме многу грешки во првото полувреме, имавме проблеми со контранападите и не бевме доволно агресивни. Не успеавме да создадеме шанси, не се снаоѓавме добро ниту во поседот на топката. Бевме бавни и ни недостигаа идеи. Имаме напаѓачи кои треба да играат поагресивно, а кога не можеме да им обезбедиме добри топки, станува тешко“, додаде Италијанецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













