Connect with us

Анчелоти ја состави листата за „отстрел“ во Реал Мадрид

За Реал Мадрид оваа е сезона за заборав. „Кралевите“ иако го освоија тофејот во Копа дел Реј, ги испушти трите пехари кои ги освоија минатата година. Барселона го освои шпанскиот Суперкуп и шампионатот, а Сити или Интер ќе ја земат титулата во Лигата на шампионите, која мадридскиот клуб не успеа да ја одбрани оваа сезона.


Бидејќи во Реал Мадрид се признаваат само трофеи, очигледно е дека ќе има некои промени во тимот.

Анчелоти планира да доведе неколку ѕвезди како Килијан Мбапе и Џуд Белингем, а за да го направи тоа потребно е да се ослободи со некои играчи на кои Италијанецот не смета.

Каталонскиот „Спорт“ денеска објави текст со список од четворица играчи кои на лето сигурно ќе го напуштат Мадрид. Тоа се Еден Азар, Алваро Одриозола, Хесус Валјехо и Маријано Дијаз. Збирот на одиграните минути на овие четворица фудбалери е само 735 во 59 натпревари кои Реал Мадрид ги одиграл до денес, што е 1,54% од вкупниот број.

Андриј Лунин, замената на Куртоа, е петтиот играч со најмалку настапи во тимот, играјќи 1.090 минути, 355 повеќе од неговите четворица соиграчи заедно.

Одриозола и Валјехо немаат среќа бидејќи во одбраната имаат силна конкуренција со многу докажани и искусни играчи на кои Анчелоти им верува. Азар се покажа како најлошото засилување на Реал во клупската историја и беше зацементиран на клупата или на трибините цела сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови