Реал Мадрид синоќа доживеа изненадувачки пораз (3-2) од градскиот ривал Рајо Ваљекано и во 13. коло првпат загуби во Ла Лига. Сега „кралевите“ го загубија и првото место на табелата од Барселона и заостануваат два бода.
Тренерот на Реал, Карло Анчелоти изјави дека е задоволен од првиот дел од сезоната и покрај овој неочекуван резултат во предградието на Мадрид.
„Ние влегуваме во пауза пред Светското првенство по толку многу натпревари, но овој прв дел од сезоната е сепак многу добар за нас. Што се однесува до играта, признавам дека не успеавме да обезбедиме ист интензитет како Рајо Ваљекано и требаше да го промениме начинот на кој игравме во некои фази од мечот. Грешевме многу и ни недостигаше енергијата што ја имаше нашиот противник“, изјави италијанскиот стручњак.
Трофејниот тренер признава дека играчите чувствуваат преголем замор.
„Не сме свежи бидејќи одигравме многу натпревари. Фудбалерите чувствуваат замор. Разочарани сме што ја загубивме првата позиција на табелата, но лигата е долга и има каде тоа да го надоместиме. Фудбалерите “, заврши Анчелоти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













