
Карло Анчелоти е под удар на критики од шпанската јавност поради разочарувачките резултати на Реал Мадрид во последно време. Некои шпански медиуми тврдат дека се разгледува неговото останување на клупата на актуелниот шпански првак и бранител на титулата во Лигата на шампионите, а некои дури пишуваат и за можноста за негова смена, при што Зинедин Зидан би се вратил во клубот.
Реал во последните два натпревари загуби од Барселона (0-4) и Милан (1-3). Вчера „Марка“ пишуваше дека овие резултати се скандалозни и зборуваше за распадот на Реал и неговата лоша позиција на табелата во Ла Лига и Лигата на шампионите. „АС“ додаде дека Мадрид „нема план“ и дека „оди од лошо кон полошо“, додека „Спорт“ го постави прашањето „Што сега?“ и изнесе информации дека навивачите бараат враќање на Зидан.
Зинедин Зидан, во два мандати на клупата на Реал, освои три титули во Лигата на шампионите, две првенства, два Суперкупа и две Светски клупски првенства, освојувајќи трофеј во просек на секои 24 натпревари. Реал го водеше во 114 натпревари, при што постигна 68 победи, 26 нерешени и 20 порази.
Составот на Реал не го дели мислењето на навивачите. Со капитените Лука Модриќ и Дани Карвахал како истакнати играчи, тимот е обединет во поддршката за Анчелоти, тренерот со кој има освоено сè. Освен тоа, тие се уверени дека тимот може да излезе од кризата и да се врати на победничкиот пат.
Првата можност да докажат дека се во право е утрешниот натпревар против Осасуна.
„Пораз во овој натпревар би значел дека тренерот на Реал е сериозно загрозен“, се заклучува во текстот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски
