Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, доби убав подарок ден пред својот роденден, откако „црвените ѓаволи“ остварија минимална победа од 0-1 против Фулам на гостински терен во натпревар од Премиер лигата. Сепак, Аморим призна дека чувствува значителен притисок во новиот клуб.
„Не се чувствувам како да имам 40… Чувствувам дека имам 50 години! По два месеци во Манчестер Јунајтед, се чувствувам како да сум 50-годишен“, изјави Аморим.
„Привилегија е да го прославам 40-тиот роденден тука. Играчите побараа слободен ден… и не им го дадов, па ќе тренираме. Ќе работиме, бидејќи тоа е мојот подарок – да работам со играчите кои не играа. Ќе биде фантастично затоа што победивме. Потоа ќе имам вечера со моите деца“, додаде менаџерот на Манчестер Јунајтед.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













