Тренерот на Спортинг Лисабон, Рубен Аморим, кој многу брзо ќе го напушти клубот и ќе се пресели на „Олд Трафорд“, со пофалби зборуваше за Манчестер Сити во пресрет на вечерашниот натпревар од четвртото коло на Лигата на шампионите на стадионот „Жозе Алваладе“ во Лисабон.
Португалскиот шампион Спортинг Лисабон вечерва од 21 часот го пречекува повеќекратниот шампион на Англија, Манчестер Сити во еден од најинтересните натпревари од елитното фудбалско натпреварување.
Судбината сакаше младиот тренер да се соочи со Сити само неколку дена пред неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.
„За мене, Гвардиола е најдобриот тренер во светот. Знам дека навивачите на Манчестер јунајтед нема со насмевка да ја прифатат оваа изјава, но мислам дека Сити е најдобриот тим во светот“, изјави Аморим.
„Ако не постигнеме добар резултат, очекувањата од мене ќе паднат, но ако победиме, ќе ме сметаат за новиот Алекс Фергусон“, изјави тренерот кој ќе остане во историјата на Спортинг со освоената јубилејна 20. титула шампион на Португалија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













