Connect with us

Радески и Алтипармаковски доаѓаат во Шкупи?

Шкупи значително го реновираше составот за новата сезона, но тренерот Гоце Седлоски размислува за уште некое засилување Негова желба е Марјан Алтипармаковски, искусниот напаѓач кој ова лето се раздели со Струга Трим Лум. Исто така и репрезентативецот Марјан Радески, кој е слободен агент, треба да пристигне на Чаир.

Седлоски откако ја презеде тренерската позиција во Шкупи истакна дека главна болка на тимот е слабата реализација. Токму Алтипармаковски и Радески би можеле да придонесат многу на тој план.

Шкупи ова лето во офанзивната линија ги приклучи Кире Маркоски и Марко Ѓорѓиевски, од претходно го има и Матеј Цветаноски.

Шкупи утре го игра првиот меч од второто квалификациско коло против Санта Клара во Конференциската лига на УЕФА.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови