Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски би можел брзо да се врати и да го облече дресот на Трабзонспор. Турските медиуми откриваат дека левиот бек, кој минатата сезона ја мина како позајмен играч во Фенербахче, во новата сезона би можел да биде дел од Трабзонспор, чиј член е Енис Барди.
Трабзонспор пред две сезони се интересираше за Алиоски, но тој одлучи да ја прифати понудата на Ал-Ахли од Саудиска Арабија. Откако клубот испадна од елитата се пресели во Фенербахче.
Тренерот Ненад Бјелица, хрватскиот стратег кој сега седна на кормилото на Трабзонспор, треба да го има последниот збор за можниот ангажман на Алиоски.
Претходно со Трабзонспор се поврзуваше и Валон Етеми, офанзивецот на Истанбулспор и македонски репрезентативец.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Каква повреда заработи Миовски?













