
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски постигна договор со турскиот прволигаш Анталијаспор, но клубот во текот на вчерашниот ден добил нова суспензија за трансфери. Босанскиот фудбалер Дарио Шариќ побарал од ФИФА да му посредува при наплатата на долговите од Анталијаспор, а во таков случај клубот веднаш добива забрана за трансфери.
Раководството на клубот, како што информираат турските медиуми, веќе имало итен состанок и одлучено е да се исплатат долговите, со шти забраната ќе биде повлечена, а во таков случај и Алиоски би можел да биде регистриран како ново засилување.
До крајот на преодниот рок во Турција остануваат уште два дена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
