
Капитенот на Шкендија, Арменд Алими е презадоволен од последната убедлива победа против Шкупи со која јасно се потврди дека „црвено-црните“ и оваа сезона се доминантен тим во шампионатот.
Според Алими, Шкендија уште еднаш повеќе од заслужено чекори кон шампионската титула…
„И оваа победа против Шкупи потврдува за доминантниот начин на кој чекориме кон титулата. Сосема заслужено доаѓа одбраната на трофејот. Тимската игра е таа која пролетва ја краси Шкендија“ – нагласува Алими, кој е среќен што повторно доаѓа поддршката од трибините.
„На последниот натпревар против Шкупи имавме огромна поддршка од навивачите кои се враќаат на трибините. Тие се наш дванаесетти играч. Ни даваат силен мотив. Сакаме до крајот на првенството да им се оддолжиме со нови победи“ – вели Алими.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика

Млади репрезентации
Македонија У17 поразена од Кипар
