Connect with us

Али Адем: Купот е заборавен, време е за три бода на Арената

Македонскиот фудбалски шампионат викендов ја „трча“ десеттата етапа, а во неа како еден од поинтересните дуели може да се нотира оној кој што денеска ќе се одигра на Арената Тодор Проески во Скопје, со почеток од 14:30 часот.


Домаќинот Работнички ќе го пречека тимот на Македонија ЃП во градската пресметка.

Гостите во Градски парк пристигнуваат по убедливиот пораз во Купот против Струга Трим Лум.

„Мечот против Струга во Купот можам да го опишам во само два збора. Лош ден. Нема што тука премногу да се коментира. Вртиме нов лист, време е за меч против Работнички. Тим кој што гарантирам дека има далеку подобра екипа од она што во моментов тоа местото на табелата го покажува. На Арената секој сака да игра. Убав терен, услови како што секој посакува. Три бода мислам дека се логичен исход за нас. Не би бил искрен ако кажам дека ќе сум задоволен со помалку. Само треба да ги исполниме зададените задачи, да одиграме на нивото кое што и тоа како знаеме да го постигнеме. Да наметнеме наша игра, и мислам дека сѐ ќе биде во ред. Со три бода да се вратиме среќни во Ѓорче Петров и да продолжиме понатаму во шампионатот“, изјави Али Адем.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови