Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, би можел ова лето да заврши во Премиер – лигата и да го облече дресот на Манчестер Сити, иако имаше устмен договор со Реал Мадрид да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Флорентино Перез и Карло Анчелоти го означија ангажманот на Алфонсо Дејвис како еден од приоритетите пред почетокот на следната сезона, но во трката се вклучија Пеп Гвардиола и Манчестер Сити. Ова би можело сериозно да ги наруши плановите на „кралскиот клуб“.
На Манчестер Сити му е потребен нов лев бек, со оглед дека сега најчесто Јошко Гвардиол игра на таа позиција, но тој е централен дефанивец. Евентуалното доаѓање на Алфонсо Дејвис би решило многу проблеми во формацијата на Гвардиола.
Од друга страна, Манчестер Сити секако е клуб кој нема проблеми да потроши многу пари, па јасно е зошто челниците на Реал Мадрид треба да бидат загрижени за своето веќе „договорено засилување“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













