Connect with us

Алексис Санчез го засили Олимпик Марсеј

Чилеанскиот интернационалец Алексис Санчез е нов играч на Олимпик Марсеј, соопшти денеска францускиот вицешампион.


Напаѓачот потпиша едногодишен договор со францускиот тим, а во клубот доаѓа по завршувањето на соработката со Интер.

Во текот на својата кариера, 33-годишниот фудбалер играше за Удинезе, Коло Коло, Ривер Плата, Барселона, Арсенал и за Манчестер Јунајтед. Освои вкупно 17 трофеи.

Во Барселона од 2011 до 2014 година постигна 47 гола, додека во дресот на Арсенал за четири сезони постигна 80 гола.

За Чиле одигра 143 натпревари. Олимпик Марсеј од клупата го предводи хрватскиот тренер Игор Тудор, а францускиот клуб обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови