Connect with us

Алегри со полициско обезбедување дојде на тренинг

Масимилијано Алегри е под голем притисок, иако одбива да го признае тоа. Јувентус е во очајна форма, никој не гледа излез од резултатската криза со него на кормилото, но клубот го нема луксузот да го отпушти.


Алегри останува тренер, но секој ден е се повеќе во центарот на вниманието, па така е и денеска бидејќи во тренинг центарот дојде придружуван од полицајци. Тој не се чувствува безбеден поради лошите резултати на тимот.

Бурата нема да стивне ниту за време на репрезентативната пауза, за време на која Алегри треба да смисли како да го врати тимот на вистинскиот пат, а следува пеколен распоред.

Јувентус има шанса да се подобри веднаш по паузата, бидејќи ги чека Болоња и Макаби Хаифа, а потоа тешко гостување кај Милан на „Сан Сиро“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови